Целосно ребрендирање и надградување на телевизискиот формат на „Алфа телевизија“. Од денеска со нов лик и нови квалитетни содржини, на „Алфа“ ќе може да следите вести на секои два часа, утрински и пладневни емисии, дебати, филмови и серии.

Следете во живо:

Вестите ќе може да ги следите во 10.30, 12.30, 14.30, 17.30, 19.30 и 22.30.

Гледачите на „Алфа“ ќе се будат со утринската програма „Добро утро, секое утро“, попладнето е резервирано за нови емисии. Вечерта ќе биде заокружувана со политичка дебата.

Меѓу сите овие програми, гледачите ќе уживаат и во многу нови серии, филмови, забавни, културни, детски и тинејџерски емисии.

Телевизија „Алфа“ и натаму се стреми кон врвот и на своите гледачи продолжува да им нуди ексклузивни, проверени и балансирани информации и секако квалитетни содржини, велат од телевизијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.