Заменик-министерот за здравство Асим Муса, кој беше вмешан во корупциски скандал при што беше фатен на дело како зема мито, продолжува со работа.

Тој на Фејсбук објави фотографија од болницата во Струга на која е заедно со министерот Филипче на која ја разгледуваат компјутерската томографија која пристигнала.

Еден од моите приоритети Болницата во Струга и стружани имаат потреба за СТ (компјутерска томографија) стана реалност – напиша Муса.

Оставката на заменик-министерот за здравство, Асим  Муса, кој во емисијата “Фикс Фаре“ во Албанија беше снимен како зема мито од 50 евра за операција и бара уште 1.000 евра, од ДУИ неговиот потег не само што го поздравија, туку и се пофалија дека „не се како другите“. Пратеникот Артан Груби изјави дека во неговата партија одговорност има и за пет евра, а камоли за Луј Витон чанта.

Во ДУИ денеска докажавме дека не за 50 евра, туку и за 5 евра, а камоли за Луј Витон Чанта, ќе се понесе одговорност во ДУИ и ние не сме како другите. Ги повикуваме медиумите да пријават секакви злоупотреби на функцијата и сме партнери на невладините организации и медиумите и сите институции во градење на општество во кое нема селективна правда.

Муса, пак, на прес-конференцијата на која си поднесе оставка, истакна дека нема да дозволи кредибилитетот да му биде нарушен со бомбастични наслови во медиумите. Муса не даде одговор на новинарското прашање дали ќе биде поднесена кривична пријава против него.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.