Во времето кога Албанците ја бараат функцијата премиер, поточно Демократската унија на Али Ахмети, на онлајн медиумите се објавуваат вести кои може да бидат вистинити, но во повеќето случаи се „спинуваат“ гласини од внатрешен политички ривал за тоа кој ќе седне на фотељата на претседателот на Собранието, пишува порталот на албански јазик „Журнал“.

Собранието ги верификуваше мандатите, но сè уште не го избра претседателот, така што едно од најистакнатите имиња што се споменува медумите и што може да седне на местото на Талат Џафери, е заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, како прва жена што најверојатно се очекува да стане претседател на парламентот во Македонија.

„Журнал“ го контактираше СДСМ за ова, но од партијата ниту ги демантираат, ниту ги потврдуваат објавените информации.

Според порталот, со преземањето на оваа функција од страна на СДСМ на Заев, се поставува прашањето од која функција можат да имаат корист Албанците, ако не таа на спикерот?

Сомнежите за веродостојноста на вестите што се објавуваат деновиве произлегуваат од фактот дека во партијата на Заев веќе има некои струи кои се „за“ и „против“ продолжување на соработката со Демократската унија за интеграција. Извори во рамките на СДСМ, велат дека Радмила Шекеринска е „за“ оваа коалиција, додека техничкиот премиер Спасовски е против, пишува „Журнал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.