Македонскиот дипломатски синдикат, како грански синдикат на КСС, силно ги поддржува протестите на работниците од областите на образование и предучилишно згрижување и воспитување на децата. Без достоинствени примања и соодветно почитување, како и исплата на платите во согласност со законот и колективните договори, во услови на актуелната рецесија, натамошно осиромашување на вработените и паѓање на квалитетот на образованието е неизбежно, стои во соопштението на Македонскиот дипломатски синдикат.

Тие во овие тешки моменти ја споделуваат солидарноста со просветните работници, им порачуваат да издржат и опстојат на своите барања, бидејќи само луѓе со достоинство и самопочит можат да изнедрат нови, достоинствени и самосвесни генерации.

И македонската дипломатија, како и образованието, е падната на ниски гранки поради феудалниот однос на политиката кон струката и уништувањето на вистинските вредности за сметка на јакнење на клиентелизмот како главен предуслов за работење и напредување. Сите очекуваме едно министерство што не застапува во меѓународните односи, да биде репрезентативно во секој поглед. Меѓутоа, во ситуација кога просечната плата во МНР е пониска од просечната плата во државата, тоа едноставно не е реално очекување, се додава во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.