Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и првиот човек на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, имаат средба во Собранието, објави ТВ Алсат повикувајќи се на свои извори.

Од партиите нема ниту потврда, ниту демант дека е во тек лидерска средба. Нема информации ниту дали на средбата присуствува претседателот на вториот партнер во коалицијата, „алтернативецот“ Африм Гаши.

Заев вчера најави дека имаат солуција за парламентарно мнозинство и со ДУИ и со Алијанса

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.