Од денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) во општините Центар Жупа и Маврово – Ростуше каде на 17 април треба да се одржат избори за градоначалници.

ДИК вчера, на редовна седница, изгласа продолжување на примената на три упатства кои беа важечки за Локалните избори во 2021 година: Упатство за начинот и постапката на поднесување прием и потврдување на кандидатските листи донесено на 25 август 2021 година, Упатство за начинот на именување членови на избирачки одбори по предлог на политичките партии донесено на 3 септември 2021 и Упатство за изгледот на беџовите за идентификација донесено на 25 август 2021 година.

Останатите упатства кои биле донесени наменски за Локалните избори во 2021 година, ќе се ревидираат, односно корегираат и прилагодат на следната седница на ДИК, по што ќе бидат и донесени како посебни акти, соопшти Борис Кондарко, образложувајќи ја оваа точка од дневниот ред на седницата.

Во моментов, како што информира Борис Кондарко, тече собирањето потписи за кандидирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.