Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчковски е новиот избор на Владата за амбасадор на Македонија во Вашингтон. Како што  дознава „Независен“, процедурата за обезбедување агреман е почната и се чека одговор од САД.

Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.