Четириесет и осум годишната традиција на одржување на „Љубанските илинденски иселенички средби“ говори за огромната важност за нас и за иселениците да го посетат родното место, да го вдишат овдешниот воздух, да го почувствуваат вкусот на нашата традиционална преспанска храна, истакна вечерва грдоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски.

Тој, на отворањето на средбите, нагласи дека манифестацијата е длабоко втемелена во историјата на Љубојно, на Преспа, но и на нашата држава.

Оваа манифестација е длабоко втемелена во историјата на Љубојно, на Преспа но и на нашата држава и само ја покажува поврзаноста на иселениците со родната земја од каде што потекнуваат. Во очи на еден најголемите државни и верски празници „Илинден“, да се потсетиме на хероите, кои го положија својот живот носејќи ги поривот за слободна и независна држава. Хероите кои со својата храброст и дела, треба да ни служат за пример, како се сака сопствената татковина. Тоа што за нив беше борбата за независност, денес за нас тоа е борбата за подобра сегашност и уште подобра иднина – изјави Гошаревски.

Тој нагласи дека со манисфестацијата се слави херојството, пожртвуваноста и храброста на борците, но и повторното видување со роднините и пријателите од сите страни на светот.

Во рамките на Љубанските илинденски иселенички средби продолжуваат предвидена е богата културно уметничка програма, а празнувањето ќе продолжи и утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.