Само што започна повтореното судење за случјот „ТНТ“, судијата Огнен Ставрев даде 20-минутна пауза. За време на паузата судечкиот совет треба да одлучи дали ќе се одвои постапката за еден од осудените, Тони Трајковски, кој поради здравствени причини не може да ги следи рочиштата.

На рочиштето се појави обвинетиот Тони Трајковски, поранешен градоначалник на општина Гази Баба, кој не беше стражарно спроведен. Трајковски побара да не присуствува на рочишта поради лоша здравствена состојба, а и самата терапија што ја примал тоа не го дозволува.

Предлагам денеска Тони да молчи, никој нема да го гњави, одговори Ставрев на барањето на Трајковски.

Обвинителот Рустеми побара случајот против Трајковски да се издвои поради неговата здравствена состојба и да продолжи со останатите обвинети. На тоа се спротивставија адвокатите на Јанакиески, Дончо Наков и Еленко Миланов бидејќи не постоеле услови за такво нешто. Обвинетиот Јанакиески, пак, искоментира дека не му е јасно зошто тоолку се брза со случајот, кога тој застарува дури во 2031 година.

Адвокатот на Трајковски, Јовица Страшевски, побара од судијата да се консултира со лекарите пред да донесе одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.