Поради истек на 90 дена од последното одржано рочиште денешното судење за предметот „Шпански скали” почна одново. Прво обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, на повторните воведни зборови рече дека не се чуствува виновен и дека докрај не му е јасно обвинението.

Слични изјави дадоа и другите обвинети кој меѓудругото посочија дека не им е јасно за што се обвинети.

Како застапник на обвинението во овој случај е јавната обвинителка Ивана Трајчева, а судењето го води судијата Владимир Туфегџиќ.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.