Голем број на граѓани се собраа во Ново Лисиче да бараат правда за убиството на младиот Никола Христовски.

Револтирани се дека на тригодишна затворска казна е осуден 18-годишниот скопјанец А.Т. кој беше обвинет за убиство на 17-годишниот Кољо.

Да излеземе сите заедно. Во чест на еден прерано згаснат живот. Во чест на нашиот брат, Никола Христовски – Кољо. Да покажеме дека овој трул, нефункционален и заробен систем НЕ функционира.
Да го кренеме нашиот глас против нанесената неправда, против системот кој не казнува убиство.

Ова е ПОВИК ЗА ПРАВДА. Повик на кој треба да одговори секој чесен човек кој ја гледа иднината во оваа земја. Секој кој сака барем малку да придонесе за да види темелни и сериозни реформи на нефункционалниот систем.

БАРАМЕ ПРАВДА ЗА НИКОЛА ХРИСТОВСКИ – КОЉО.
БАРАМЕ ДА СЕ ВОСПОСТАВИ СИСТЕМ КОЈ ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА УЛИЧНИТЕ УБИСТВА.

Пишуваше во најавата за денешниот протест.

ПРОТЕСТ! – „Правда за Кољо“

ПРОТЕСТ! – „Правда за Кољо“

Gepostet von infomax.mk am Montag, 15. Juni 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.