Во Србија денеска официјално почна првата фаза од пописот на македонските државјани со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните преставништва, нивните семејства и на македонската дијаспора.

Во функција на информирање на државјаните на Република Македонија кои претстојуваат во Р. Србија за пописот на нерезидентното население, Амбасадата на Македонија во Белград издаде соопштение за превзедени повеќе активности, во кои се наведува за:

Иинформирање за пописот преку Националниот Совет на Македонското Национално Малцинство во Р. Србија;

Информирање преку Здруженијата на Македонци во Р. Србија; објава на социјалните мрежи (Фејсбук страна на амбасадата);

Телефонско информирање на заинтересирани граѓани кои бараат информација преку ДКП;

Директни контакти и средби со претставници на националниот совет, здруженијата и партиите;

Известување преку емисијата на македонски јазик на РТС („Виножито“) и повикот кој ќе биде објавен во емисиите на 07.03 и 14.03.2021 година;

Објава на пописот и во печатениот дневен весник „Панчевац“, кој се издава на територија на Јужен Банат и Белград со најголема концентрација на македонски државјани и објави на веб-порталите во Србија.

Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина. Пописот на нерезидентното население е доказ за грижата за нашите граѓани во Р. Србија, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од матицата – оцени в.д амбасадорот на Реапублика Македонија во Србија, Александар Поповски.

Од Амбасадата на Република Македонија во Белград соопштија дека со цел успешно одвивање на процесот на самопопишување, Амбасадата во Белград ќе биде на располагање за какви било прашања на македонските државјани околу целиот процес, кој ќе трае до 21 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.