Група македонски активисти членови на движењето #Бојкотирам започнуваат кампања насловена #ШкртајСеверна. Кампањата засега се одвива на социјалните мрежи, а целта е сите што се против промена на името Република Македонија додека се живи да го користат само терминот Македонија.

Пораката е во секоја прилика, неформално или кога е во употреба во администрација Македонците да го пречкртуваат додатокот Северна на името Македонија.

На првиот ден од кампањата илјадници луѓе започнаа со пречкртување на Северна.

Иницијатирите на бесплатната кампања не се поврзани со ниту една политичка партија или групација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.