Пожарот што трет ден беснее во околината на Крушево и со кој се зафатени нискостеблеста шума и сува трева, повторно, во денешните попладневни часови стана голема опсност за манастирот „Свето Преображение“ над Крушево.

Според градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, огнената стихија која беше отстранета од крушевскито регион ноќеска, денеска околу 15.00 часот повторно му се закани на манастирот.

Ангажирани се околу 200 лица од противпожарните единици од Крушево, Прилеп, доброволци, а интервенирале и хеликоптери на Армијата.

– Околу 15.00 часот пожарот кој зафати нискостеблеста шума и сува трева се приближи на 100-ина метри до манастирот „Свето Преображение“ над Крушево. Опасноста беше голема. Со интервенција на хеликоптери на Армијата, со доброволци и од противпожарните единици на Крушево и на Прилеп е отстранета опасноста, но сега пожарот е околу крстот над Манастирот. Вечерва екипите и доброволците ќе дежураат на теренот, изјави Христоски за МИА.

Манастирот „Свето Преображение“ е завет на Тоше Проески кој почна да го гради. Вечерва противпожарните екипи и доброволци ќе дежураат и ќе ги контролираат огнените јазици да не се доближат до манастирот. Тоа се случи и во вчерашните вечерни часови, но надлежните се справија со огнената стихија. Вечерва пак се врати опасноста

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.