„Почитувани пациенти, ние сме со вас“, им порачаа лекарите на пациентите, на денешниот протест во кругот на Клиничкиот центар против насилството од страна на пациентите и нивните роднини.

Протестот ќе трае половина час до 11.30 часот, по што лекарите ќе се вратат на своите работни места.

Протестот се организира по серијата насилства врз лекари и медицински персонал, а министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе го поддржи со своето присуство.

фото Фејсбук Асоцијација на специјализанти и млади лекари АСМЛ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.