Во последните 24 часа се регистрирани 227 нови позитивни случаи на Ковид-19. Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека се направени 2.595 тестирања. Регистрирани се и 15 починати пациенти.

Од Министерството за здравство информираат дека од вкупниот број новозаразени, најмногу има во Скопје – 128, потоа Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип – по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, починати се 7.051 пациенти, а бројот на активни случаи изнесува 6.393.

Досега во земјата се направени вкупно 1.364.488 тестирања на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.