За бројни системски грешки при третманот на починатата 57-годишна жена од коронавирусот, сведочат нејзини блиски за порталот „Лидер”.

Лекарската помош за неа, дошла предоцна и токму затоа пациентката го изгубила својот живот, раскажуваат за „Лидер“ блиските на 57- годишната Гордана Димитриевска од Куманово. Таа била во изолација затоа што нејзиниот син се вратил од Италија и веројатно тој и го пренел вирусот.

Ситуацијата и беше влошена и наместо да ја хоспитализираат, седум дена ја лечеа преку телефон иако ги имаше сите симптоми на вирусот. Ја земаа во болница пред четири дена и потоа почина. Се соммеваме дека воопшто претходно ја тестирале за да кријат случаи. Симптоматично е што Филипче сега кажува дека тестовите биле прво негативни па дури откако починала станале позитивни. Таа беше болна со сите симптоми веќе подолго време – сведочи за „Лидер“ блиско лице до починатата кое и е познато на редакцијата, но сака да остане анонимно.

Смртта на 57 годишната Гордана, која е прв регистриран смртен случај од корона во Македонија, денес ја обзнани министерот Венко Филипче.

За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која што имала 57 години. Во однос на приемот и третманот сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата теста иницијални покажеле негативен резултат. Но, и покрај негативните резултати заради тоа што болеста била типично за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен после констатација на смртта во текот на вчерашниот ден вчера и тој бил позитивен, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.