Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 678 тестирања, а регистрирани се 61 случај со Ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 35, по што следи Кавадарци со седум нови случаи. По три новозаболени има во Тетово, Прилеп и во Штип, по два во Охрид, Струга и Кочани, а по еден во Куманово, Гостивар, Велес и во Крива Паланка.

Починати се 11 пациенти од кои шест од Скопје (83, 83, 82, 81, 73 и 67г), двајца од Гостивар ( 60 и 61г ) и по еден од Охрид (83г), Струмица (75г) и Тетово (77г). Сите 11 пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 440 оздравени пациенти од: Скопје – 266, Кавадарци – 26, Куманово – 23, Битола – 18, Прилеп – 17, Тетово – 13, Струмица – 12, Штип – 10, Кочани -9, Велес – 7, Гостивар – 6, Крива Паланка – 5 , Берово – 5 , Пробиштип – 5, Кичево – 3, Гевгелија – 2 , Неготино – 2 , Ресен – 2 ,Виница – 2 , Богданци – 2 , Охрид – 1 , Свети Николе -1 , Радовиш – 1 , Демир Хисар -1 , Пехчево – 1.

Направените 678 теста се преку: ИЈЗ-103, ЦЈЗ Скопје-38, Биотек-70, Клиника „Жан Митрев“-86, Систина-159, МАНУ-45, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 173.

Досега во земјата се направени вкупно 457.019 тестирања на Ковид -19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 40.4451, активни 4.014
• Куманово 5.201, активни 343
• Тетово 5.116, активни 311
• Прилеп 4.563, активни 147
• Гостивар 3.625, активни 196
• Штип 3.505, активни 114
• Битола 3.231, активни 153
• Велес 3.101, активни 255
• Охрид 2.822, активни 371
• Кавадарци 2.611, активни 322
• Струмица 2.535, активни 249
• Струга 2.216, активни 161
• Кочани 1.724, активни 73
• Кичево 1.719, активни 124
• Свети Николе 1.080, активни 34
• Гевгелија 995, активни 100
• Неготино 966, активни 83
• Дебар 766, активни 93
• Ресен 742, активни 97
• Крива Паланка 724, активни 37
• Радовиш 707, активни 50
• Делчево 619, активни 178
• Берово 594, активни 36
• Пробиштип 507, активни 32
• Виница 491, активни 29
• Валандово 325, активни 11
• Македонски Брод 246, активни 12
• Демир Хисар 244, активни 5
• Кратово 230, активни 25
• Богданци 225, активни 23
• Крушево 208, активни 26
• Демир Капија 207, активни 39
• Македонска Каменица 190, активни 17
• Пехчево 183, активни 10
• Дојран 84, активни 6.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.