Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Македонија починале 12 пациенти.

Тројца од починатите се од Скопје, (52, 73 и 85 години), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75), двајца од Велес (61 и 62), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76), еден од Куманово (59), еден од Струмица (66) и еден пациент од Свети Николе (69).

Со овие последни податоци, вкупниот број на починати од Ковид-19 во македонија од почетокот на епидемијата се искачи на 862.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.