Вечерва почина 65  годишен пациент на инфективното одделение во велешката болница, пренесува порталот Велес365.

Пациентот е од Градско, а бил примен денеска утринава со симптоми на зараза со Ковид-19, но заразата не е потврдена. Во последните 24 часа починаа уште тројца пациенти во велешката болница, како последица од компликации настанати од заразата со Ковид-19.

Починати се еден маж на 62-годишна возраст и жена на 62-годишна возраст за која известивме вчера. Почина и пациент на  69 години од Свети Николе.  65  годишниот пациент од Градско е 4-ти пациент кој почина во велешката болница во последните 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.