Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на својот Фејсбук профил напиша дека неговиот татко починал.

Почитувано семејство и драги пријатели, по напорната битка од неколку недели, татко ми не можеше да се справи со болеста. Тој беше херој на секоја војна и секоја битка што ја поминав во животот. Столбот на нашето семејство се сруши, нашиот херој почина оставајќи празнини и длабока болка во нашите срца, празнини кои никогаш нема да бидат пополнети! Татко ми повеќе нема да биде физички меѓу нас, но секогаш ќе биде присутен во нашите срца и молитви. Копнежот и љубовта кон него никогаш нема да згаснат! Ова беше одлука на Господ и на нас е да се согласиме со одлуката и да се молиме на Бога да го закрили нашиот татко под неговата милост! Погребот ќе се одржи денес (петок) на старите гробишта, по петочната молитва, напиша Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.