Почина првиот градоначалник на општина Струмица во независна Македонија, Костадин Манолев.

За смртта на Манолев информира актуелниот градоначалник, Костадин Костадинов.

Во својата 78. година од животот, вчера почина Костадин Манолев, првиот градоначалник на општина Струмица во независна Македонија, кој претходно беше претседател на Општината.

Претседателската и градоначалничката функција ја извршуваше во периодот 1990 – 1996 година, оставајќи значајни белези во своето раководење со општината, кои беа своевидна платформа во работењето и на идните градоначалници на општина Струмица. 

Нека почива во миp! – напиша Костадинов на својот фејсбук профил.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.