Вечерва почина Кирил Андоновски, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, каде што беше и претседател на Законодавно-правната комисија.

Завршил Правен факултет, а во неговата кариера тој беше и член на Државната изборна комисија, претседател на партиската Статутарна комисија, секретар на Правната комисија и Судот на честа, член на Извршниот одбор на Град Скопје, како и професор во средно училиште.

Андоновски е роден во Долно Мелничани, Дебарско, во 1937 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.