Се копа песок во речно корито, кое е под ваша контрола и надлежност господине Оливер Илиевски. Направивте езеро од едно речно корито коешто
е потесно од 4 метри. Се капеше дете и почина. До ден денеска молчат сите, не се презема никаква активност, а вие го менаџирате целиот процес
и луѓе блиски до вас, му рече на денешната дебата Максим Димитриевски на противкандидатот од СДСМ.

Ве прашувам, која фирма е концисионер за ископ на песокот во речното корито на општина Куманово? Чија е фирмата и во чии штаб се луѓето? Кој е кандидат за градоначалник, вие или Спасовски? На Куманово не му треба привезок, ниту послушник. На Куманово му е потребен градоначалник!, потенцираше независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на телевизија 21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.