Почина докторката Билјана Ичева од ковид-19 на 61-годишна возраст. Ичева, која беше вработена во Негорски Бањи беше хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје, меѓутоа ја изгуби битката со вирусот.

Докторката Ичева беше специјалист физиотерапевт, а заврши Медицински Факултет во Скопје. Беше по потекло од Гевгелија, сопруга на Божин Ичев, д-р ренгенолог вработен во Општа Болница Гевгелија, а мајка на две деца.

Нејзиниот сопруг со дијагноза ковид-19 се уште е на клиничко лекување на Инфективна клиника во Скопје.

Роднини, пријатели и колеги масовно се збогуваат со д-р Ичева на социјалните мрежи. Тие поставуваат црни слики на своите профили во знак на жалост за изгубената колешка, сограѓанка, другарка и пријателка. Велат ја изгубивме докторката со најшироката насмевка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.