По кратко и тешко боледување почина Претседателот на Социјал Демократската Партија (СДПМ) Бранко Јаневски.

Бранко Јаневски до крајот на својот живот ја извршуваше функцијата Претседател на СОЦИЈАЛ ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА (СДПМ), беше борец за подобар развој на демократијата и особен развој на општествениот, политичкиот и економскиот живот за општото добро на граѓаните. Тој беше позната личност на македонската јавност, сопруг, пожртувувам татко, дедо, пријател…соопшти СДПМ.

Последна почит ќе му биде дадена во сабота на ден 31.08.2019 година, со почеток од 10.00 часот во капелата на гробиштата во општина Бутел, Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.