Починала 65-годишна пациентка од ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје. Со тоа бројот на починати од коронавирус во Македонија се искачи на десет. Во изминатото деноноќие се регистрирани 25 нови случаи, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

По градови новите заболени се од: Скопје 7, Куманово 7, Прилеп 2, Тетово 5, Струга 2, Гевгелија 1, Кочани 1.

Со ова во Македонија бројот на заразени со ковид-19 сега изнесува 354 од кои во 183 се регистирани во Скопје. Прв случај е регистиран во Кочани.

Починатата пациентка имала бројни заболувања како дијабет, покачен крвен притисок и заболување на белите дробови, изјави Филипче.

Филипче денеска кажа дека од Клиниката за инфективни болести се испишани пет пациенти. Ним им биле направено два теста и тие биле негативни. Пациентите се пуштени на домашно лекување.

Од 28 пациенти кои се во Дебар на 11 ќе им се земат контролни брисеви. Тие се во добра здравствена состојба, рече Филипче.

На Инфективната клиника во моментов има 59 пациенти од кои 12 се со потешка слика. Петмина се на механичка вентивентилација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.