Предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години, соопшти Министерството за здравство.

Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален. Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката, соопштија од Министерството за здравство.

Претходно, МЗ соопшти дека во изминатото деноноќие починале двајца од Ковид-19, има 18 новозаболени и петмина се излекувани.

Сега бројот на починати од коронавирус во Македонија изнесува 30.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.