Кандидатот на Алијансата за Албанците за градоначалник на Дебар Беким Поцеста обвини дека ДУИ ги вклучила владините структури во изборниот процес денес за градоначалник на Дебар. Коментирајќи во изјава за ТВ21, тој најави дека ќе ги анализираат записниците од избирачките места.“ – пренесе весникот „Лајм“ во својата информација со наслов „Поцеста: Налетот на целата Влада нè остава во сомнеж“.

По две чисти победи и во првиот круг и во прегласувањето, секако не го очекувавме овој развој на настаните. Со оглед на налетот на целата Влада со сите нејзини структури во изборите, не остава да се прашуваме: како успеале да ги зголемат толку многу нивните гласови? Останува да се анализираат сите записници и следниот ден да се излезе со официјално соопштение“, изјави Поцеста за ТВ21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.