Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антинијо Милошоски, во вечерашното гостување во емисијата 360 Степени на Алсат оцени дека легитимитетот на владејачкото мнозинство во Собранието ќе биде ставено под знак прашање ако победничкиот тренд на Алијанса-Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ продолжи и во вториот круг од локалните избори.

„Како што видовте, на самиот ден на изборите, прес конференција за поразите во Скопје, не одржаа кандидатите за градоначалници на СДСМ или г. Шилегов, како актуелен градоначалник, туку одржа лично премиерот Заев, со 5-6 свои министри. Што значи дека тој на сцена ја извади Владата како губитник или добитник од овие избори. Затоа, мислам дека самиот Заев наметна таква тема на политичка одговорност на владино ниво“, рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.