Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири, има простор за разговори и подобрувања согласно Уставот, соопштија денеска преку соопштение.

Владата  ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација.Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи исклучиво во согласност со Уставот.

Предлог законот предвидуваше и забрануваше организирање на јавни собири пред и околу објектите на државната власт односно пред било која државна институција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.