Пред еден час од прес-службата на Владата пристигна соопштение дека претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ќе оствари работна средба во Париз со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Во делегацијата се и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со претседателот на Франција, Макрон, се наведува во соопштението од Владата.

Слична ненадејна посета премиерот Заев имаше и на Турција пред пет дена. Во придружба на министерот за здравство Венко Филипче Заев вечераше со турскиот рпетседател Реџеп Таип Ердоган и од Турција се врати со 30.000 кинески вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.