Македонска пошта ја повлече спорната серија на поштенски марки со кои сакаше да и искаже благодарност на Хрватска за помошта во евроинтеграциите на Македонија. По реакциите на јавноста, спорната марка веќе не може да се најде на сајтот на Пошта.
Пошта со марката за Хрватска, објави сосема погрешна карта – карта на „голема Хрватска“.


Дизајнерот на марката, уредниците, директорите очигледно по сеќавање од НДХ време (Независна држава Хрватска, марионетскиот усташки хрватски режим за време на Втора светска војна), ја скицирале мапата на денешна Хрватска. А тоа, според нашата Пошта, значи дека земјата членка на ЕУ, Хрватска, денеска ги опфаќа и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.