Прашањето за Гоце Делчев е отворено во комисиите уште во ноември минатата година, меѓутоа направени се некоку обиди. Мислам дека во однос на содржината во некоку варијанти разликите се и веќе во нијанси помеѓу двете комисии, изјави на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Комисиите работат автономно. Меѓутоа бидејќи ние сме информирани по однос на тоа што го работат, јас мислам дека во овие разговори на моменти имам чувство дека разликите се во нијанси по однос на различните погледи на историчарите од двете комисии за одредени историски фигури. И апсолутно точно е дека комисиите таа улоа ја имаат да најдат заеднички точки, начини како да ги одбележуваат фигурите за коишто двете страни сметаат дека имаат значење за нив, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање дали се очекуваат резултати од Заедничката комисија за историски прашања која следната средба треба да ја има на 3 и 4 декември во контекст на напорите за одржување на првата меѓувладина седница со ЕУ и почеток на преговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.