За прв пат по половина век, власта целосно ја бојкотира манифестацијата што се одржува во битолското село Трново, во чест на големиот национален и верски празник Илинден. Во присуство на нашинци од дијаспората, гости од Албанија и Грција, на Семакедонската средба на која се одбележуваа – 48 Иселеничка средба и 39 Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, организаторите од Матицата на иселениците, од здружението “Македон“ и од Светскиот македонски конгрес, но и сите гости, имаа можност на дело да видат како овој пат Илинден наместо да обединува, разединуваше.

Имаме гости од целата република, од соседството и од дијаспората. Денес не знаеме кои се причините зошто немаме присуство од локалната самоуправа и од власта. Беа уредно поканети да присуствуваат, но не добивме одговор – рече Александар Јаневски, претседател на Здружението на Македонците и децата-бегалци од Егејска Македонија “Македон“.

Ние тука имаме други видни гости, прави патриоти, прави Македонци. Никого на сила не можеме да го правиме човек и патриот и да си ја сака нацијата, татковината и државата – рече претседателот на Матицата на иселениците Иван Петревски Џо.


Целиот текст на Алфа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.