Во врска со починатата пациентка од Струга, донесена одлука директорката на болница во Охрид утре да биде разрешена. Во тек е увидот на санитарниот инспекторат, а согласно информациите за овој случај и натаму ќе се постапува. Покрената е и постапка во јавното обвинителство – посочи министерот за здравство Венко Филипче.

Првите симптоми кај заразената се појавиле пред 5 дена, а починала во петокот чекајќи да биде хоспитализирана. Заболената имала срцева и хрочнична белодробна болест и покачен крвен притисок. Со сопругот во изминатите две недели биле во домашна самоизолација поради контакти со еден од заболените доктори во Дебар непосредно пред воведувањето на кризната состојба.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на петокот, кога и починала.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите, пациентката не е примена во болница.

66 годишна жена од околината на Струга беше четвртата жртва на корона вирусот во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.