Здравко Савески, граѓанскиот активист, член на Левица и еден од најборбените учесници во протестите низ изминатите години по оставката од пратеникот ПАвле Богоевски, кој беше негов „соборец“ во Шарената револуција’, бара оставка и од шарените Ивана Туфекџиќ и Ирена Стефоска. Вели тие треба да се повлечат зашто немаат храброст да се спротистават на политиките на владата и злоупотребите кои истата ги прави. Тој не ја исклучува можноста објавувањето на разговорот во кој Павле Богоевски нарачува „половина грам“ да е масло на СДСМ.

Павле Богоевски си поднесе оставка. Правилно. И таа оставка ќе стапи во сила по гласањето за одземање на мандатот на Груевски. И тоа правилно.

Мило ми е што остана барем малку принципиелност кај Павле. Мораше цела јавност да го притиска за да поднесе оставка, но ајде, сепак поднесе оставка.

Оставка треба да поднесат и Ивана Туфекџиќ и Ирена Стефоска. Ако немате волја или храброст да ја критикувате власта за злоупотребите што ги прави, единствената достојна опција е оставката!

Можно е сето ова со аудио-снимката СДСМ да му го збибери на Павле. Но, она што требаше да го знае, уште кога на протестите се врза со СДСМ, кој со ѓаволот тикви сади…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.