За 20 часот вечерва е закажана средбата на премиерот Заев со помалите коалициски партнери, откако Македонија не доби одлука од ЕУ лидерите за старт на пристапните преговори.

Претходно, лидерите на поголемите политички партии, во 17 часот ќе се сретнат во претседателската вила на Водно на барање на претседателот Пендаровски.

Се очекува на денешната средба да биде договорен датумот за предвремените избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.