Откако се најде на немилост на власта бидејќи се пожали на лошите услови во Домот на културата во Штип, со посредство на Фејсбук-профилот на Горазд Росоклија, професор на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк и член на МАНУ надвор од работниот состав, стигна „одговорот“ од пијанистот Симон Трпчески.

Музичкиот амбасадор на Македонија од светски калибар пристуваше во Македонскиот културен центар во Њујорк, каде што ја увеличи изложбата на скулпторот Славчо Спировски.

Тој на своето пијано ја испеа познатата песна „За многу години, Македонци“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.