За само неколку дена, претседателот на државата и премиерот излегоа со спротивни изјави како државата треба да се однесува кон Договорот од Преспа во делот што е поврзан со почетокот на преговорите за членство.

Претседателот Пендаровски вчера во интервју за грчката „Алфа“ нагласи дека она што ќе биде стевено на чекање сѐ додека не започнат пристапните преговори со ЕУ е делот што се однесува на внатрешната и надворешната коресподенција и употребата на новото име.

Говорејќи за целиот пакет, веќе го имплементиравме новото име во внатрешноста и би можел да кажам дека тоа за нас беше најтешкиот дел од Договорот од Преспа, истакнува Пендаровски.

Заев пак смета дека тоа што не добивме датум не е пречка Македонија да го спроведува договорот од Преспа, иако на тоа не сме обврзани доколку нема почеток на преговорите за членство.

Стои „Архив на Македонија“. Не може да стои Архив на Македонија, имаме Устав во државата и тоа треба да се промени.Треба да постапи по договорот.Во општините имаме обврски кои општините треба да ги реализираат.Треба да оставиме впечаток дека го реализираме договорот, секако го очекуваме тоа и од грчка страна-објасни премиерот по недобивањето на датумот.

Со потпишувањето на Договорот, двете страни се обврзаа со кое темпо ќе тече менувањето на сите документи кои треба да го носат називот со новото официјално име „Република Македонија“.Овој процес требаше да го следи отворањето на поглавјата за конкретните области.

Што пишува во Договорот од Преспа

Во член 1 точка 10 јасно е наведено дека промената на документите и институциите ќе има два преодни периоди,  еден„технички“ и еден „политички“.

Во политичкиот дел, кој се однесува на внатрешната употреба стои  документите ќе треба да се менуваат при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија, и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.