На редовната седница на Владата одржана во вторникот Владата одлучи да се отстрани железната ограда околу зградата со цел да се ослободи целосно јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење од страна на граѓаните.

Отстранувањето на оградата околу Владата беше едно од предизборните ветувања на оваа власт. Најавуваше дека од неа ќе направи клупи за седење. Но долго време оградата не беше спомената. Сега, предизборно, се реши да најави реализирање на ветените работи. Ќе се реализираат ли и ветените 500 евра плата?!




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.