Се укинува мерката куќен притвор и се определува мерка до правосилноста на пресудата но најдолго 60 дена. Против него е поднесен обвинителен предлог па согласно Законот за кривична постапка притворот може да трае најмногу 60 дена.

Ова на денешната пресуда го кажа судијката на предметот „Таргет Тврдина“ Џенета Бегтовиќ за осудениот Сашо Мијалков.

Нејзините зборови оставија многу дилеми што тоа значи и дали Милјаков по 60 дена може да излезе од „Шутка“.

„Република“ го праша Дане Илиев поранешен врховен судија. Тој вели дека се возможни двете варијанти и онаа Мијалков и натаму да остане во истражниот затвор но и можноста повторно да биде во домашен притвор.

По 60 дена судот по службена должност и без никој тоа да го побара ја преиспитува одлуката дали се уште стојат условите за мерката притвор.Двете можности се реални, мерката притвор да се продолжи, но и да ја преиначи во куќен притвор. Дотогаш секако е возможно и апелација да ја потврди или да ја преиначи одлуката на првостепениот суд- објаснува Илиев за „Република“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.