Нов случај на непотизам поврзан со битолската градоначалничка. Откако Наташа Петровска си го вработи братот како наставник по математика во ОУ „Елпида Карамнди“, сега си ги вработила и внукот Александар Селвиевски од село Кравари, битолско,  како наставник во училиштето во село Агларци, општина Новаци.

Овој нов случај на непотизам го обелодени Душан Илиевски, член на СДСМ и долгогодишен активист на партијата додека беше во опозиција.

Законски, доколку нема соодветен кадар во општина Новаци, се вработува од друга општина. Наставниците од општина Новаци нека чекаат подобри времиња за да се вработат во нивната Општина. Нивните места ги земаат роднините на функционерите од Битола, напиша тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.