Македонската дијаспора дочека. Конечно и таа ќе може да аплицира и да се фотографира за пасош секој работен дена, во конзулатните претставништва на земјава во странство. Таа веќе нема да ги чекаат мобилните екипи на МНР еднаш-двапати годишно да ги посетат и да ги фотографираат, кои пак поради пандемијата со коронавирусот изминатата година и половина не го правеа тоа, па владата за да го бајпасира тој проблем го продолжи важењето на истечените пасоши на дијапсората до 31 декември годинава.

Први привилегија да се фотографираат за пасош без притоа да прават долгорочни планови кога да го спроведат тоа во Македонија, ќе ја имаат македонските граѓани во неколку европски држави.

Во САД вакви базни станици ќе бидат инсталирани во Њујорк и во Чикаго, во Канада во Торонто и во Австралија во Мелбурн.

Првите 15 фиксни и мобилни базни станици за земање биометриски податоци за пасош треба бидат инсталирани до крајот на октомври, а со МВР е договорено во иднина сите ДКП-а да бидат опремени со вакви станици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.