По 20 години работа и трчање за партијата, гостиварецот Спиро Спироски вели дека е крајно разочаран и навреден од постојаните лажни ветувања, но и погрешни политики на СДСМ.Сите досегашни заложби за партијата вели,биле залудни. Незадоволството меѓу членството пак,тврди,се повеќе расте, објави Алфа.

Спировски вели дека не е изигран само како член и верен поддржувач на СДСМ, туку и како координатор на стечајците за Гостивар. И не само во овој град, револт има и во кавадаречкиот огранок на стечајци.

За револтот и незадоволството кај дел од членството на СДСМ, не сведочи само случајот со Спировски ни Камчев. Деновиве на социјалните мрежи, и други верни поддржувачи на партијата јавно се откажаа од неа, палејќи ги своите членски книшки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.