Во декември се навршуваат 14 години откако Македонија доби кандидатски статус. Тоа се случи на 17 декември 2005 година кога Европскиот совет реши да станеме земја-кандидат за членство. Добрите вести ги соопшти тогашниот британски премиер Тони Блер во својство на претседавач со ЕУ.

Иако Македонија доби кандидатски статус, но не и временски рок кога ќе ги отпочне преговорите за полноправно членство што не следи и денеска кога очекуваме добри вести од Брисел.

Европските челници тогаш беа јасни дека од Македонија очекуваат повисоки стандарди, добро организирани парламентарни избори во 2006 година за да може набргу да ги почне преговорите за членство.

Кандидатскиот статус беше повод тогашните власти да организираат  прослава на плоштадот „Македонија“. Тогашниот премиер Владо Бучковски и претседателот Бранко Црвенковски тогаш истакнаа дека ова е историски чин за Македонија и оти ЕУ решила да ги отвори поритите за нашата земја.

Оттогаш се случија многу работи. Британија излегува од ЕУ а Македонија доби десет последователни позитивни извештаи од Европската комисија, но Советот ниту еднаш не добивме датум за почеток на преговорите најмногу поради спорот за името со Грција.

На последниот извештај спорот со Грција беше решен, но во него имаше нејасна формулација дека Македонија би можела да добие датум за преговори, а дали тоа ќе се случи ќе биде познато вечерва кога завршува самитот на ЕУ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.