Советот на Општина Неготино на денешната 28 вонредна седница донесе одлука со која ќе им додели парична награда во вредност од по 10.000 денари на пожарникарите од ТППЕ Неготино кои со возила и екипи учествуваа во гаснењето на пожарите кои ја зафатија Македонија.

Паричните награди им се доделуваат заради нивното вонредно ангажирање во гаснењето на пожарите, односно заради нивната огромна пожртвуваност да им помогнат на сите граѓани чии места беа зафатени од огнените стихии, соопшти Градоначалникот Тони Делков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.