Собранието на Република Северна Македонија во 16:30 часот треба да ја започна седницата за избор на новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април.

Мандатар на новата влада е Оливер Спасовски, досегашен вицепремиер и министер за внатрешни работи, кој до Собранието достави предлог за состав на новата влада и програма за нејзина работа.

Претседателот на државата Стево Пендаровски попладнево му го врачи мандатот на Спасовски, а претходно на 127. седница беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев. Во преодната влада, според Пржински модел, министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе има и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.