Владата и Здружението на судии постигнаа согласност за зголемување на платите на судиите од 15 проценти. Десет проценти оваа година, а пет години следната, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Ова зголемување, нагласи Маричиќ, очекуваме да важи и за судските службеници, а ќе се разговара и за јавните обвинители. Тој најави дека ќе се разговара и за зголемување на платите за уште дополнителни пет проценти за 2023 година и со цел да се стигне до посакуваните 20 проценти.

Нашата Влада зазема став дека судската власт е особено важна и дека статусот треба постојано да се зајакнува – тоа важи и за условите за работа и за поддршката во смисла на зголемена судска администрација, повеќе работни места и плати на судиите. Зголемувањето на платите во судството оди паралелно со зголемување на одговорноста и ефикасноста на судиите и правосудниот систем, но и со процесот на дигитализацијата и прочистувањето – изјави Маричиќ.

Маричиќ, посочи дека очекува ова да се сфати како позитивен сигнал за целото правосудство, дека државата се грижи, но и дека очекува поголема транспарентност, одговорност и ефикасност. Средствата за договореното зголемување на платите, нагласи тој, се веќе обезбедени во рамки на судскиот буџет и дека очекува итно да се пристапи кон реализирање.

Планираме да предложиме и законски измени или нов Закон за плати на судиите, со кој што трајно ќе ги дефинираме коефициентите на судската власт како еден долгогодишен проблем за кој се преговараше – изјави Маричиќ.

Претседателот на Здружението на судии Џемали Саити, посочи дека ова е плод на повеќегодишни разговори со Владата.

Тој посочи дека разговорите не се лесни, посочувајќи дела барале зголемување ма платите од 20 проценти.

Сметаме дека тоа што во овој момент имаме согласност за 15 проценти е напредок. Се надевам дека ќе се движиме кон европските стандарди, изјави Саити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.