На дневен ред на Уставниот суд денеска се најде Уредбата со која на вработените во СЈО за време на вонредна состојба  им се исплатија заостанатите плати.. Владата овој потег го правдаше со тоа што мораат да ги исплатат за да не бидат принудени побарувачите да ги земат по судски пат.

Покрај таа за СЈО денеска на дневен ред на судот ќе се најде и Уредбата за буџетите, Уредбата за примена на Законот за работни односи во време на вонредната состојба.

Внимание предизвикува и Уредбата за висината на платата на избраните, именувани и назначени лица, со која покрај функционерите во извршната, на минимална плата се ставени и судиите и јавните обвинители.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.